Индустриски врати тип BREDA, целосно произведени во Италија. Сертифицирани (CE) како комплетна индустриска врата и се изработени према важечките европски нормативи за оваа намена. Секоја врата има сопствен сериски број и сертификат од производителот. Према серискиот број, дефинирани се елементите кои се вградени во вратата што понатаму служи за лесна идентификација на оригинални резервни делови. За да се добие максимален квалитет, сигурна и долготрајна работа за секоја врата се прави компјутерска пресметка со цел да се изберат оптимални делови (пружини, макари, тркала итн.) кои што постојат во многу голем број. Освен тоа секоја врата е опремена со повеќе механички и електрични сигурносни уреди како кочници во случај на кинење сајли, кочници во случај на пукање пружини, сигурносна летва против ширење на хоризонталните водилки и паѓање на вратата, споеви на панели обработени против притегнување прсти, соодветни сензори и контролер во случај на вградена пешачка врата итн. Има голем избор на панели, бои и конфигурации како и системи на водење, прозори, врата во врата итн. Исто така се бираат соодветни мотори што одговараат на големината и интензитетот на користење.
Која е разликата помеѓу врати произведени по Европски стандарди од големи производители и врати составени од делови од различни производители кај нас или на Балканот? Вратите кои се произведуваат кај нас и на Балканот воглавно се составени од елементи од различни производители, не е извршена оптимализација на изборот на елементите кои се вградуваат во вратата и на автоматизацијата на вратата. Поради тоа, истите не функционираат како што треба и се подложни на чести дефекти. Не се вградуваат задолжителните механички сигурносни уреди. Ваквите врати немаат сертификат за вратата како целина, туку можно е производителот да достави само поединечен сертификат за моторот или слично.