Гаражни врати произведени во Италија. Сертифицирани по европски стандарди за оваа намена. Модели со специјален и уникатен дизајн. Панели со изглед на различни видови метал, кородиран метал, песок, камен, платно, мозаик, специјални ефекти од дрво и други специјални дизајни по желба. Можност за врата во врата со вграден самозатворач и задолжителен сигурносен микропрекинувач за заштита од случајно отворање на големата врата кога е отворена малата вградена пешачка врата. Различни системи за водење што одговараат на положбата на плафонот. Вградени се неколку механички сигурносни уреди како кочници во случај на пукање сајли, кочници во случај на пукање пружини, заштита од ширење на шините заради превенција од паѓање на вратата, панели со споеви за заштита на случајно потфаќање прсти, соодветни контролери и различни сигурносни сензори по избор на корисникот.
Автоматизација во зависност од димензиите на вратата со плафонски мотори со влечење или со бочни индустриски мотори. Различни видови на активирање како: далечински управувачи, ГСМ уреди со мобилен телефон, системи со картички и/или шифри итн.