Висококвалитетни мотори дизајнирани да траат долго време. Целосно произведени и составени во Италија. Сертифицирани по соодветни европски стандарди. Активирање со далечински управувач, мобилен телефон, систем со картички и/или шифрарник, тастер итн. Можност за меко тргнување и застанување. Можност за отварање на едно крило за пешаци, велосипед, мотоцикл и сл. Може да се додадат сигурносни фотоќелии, трепкач, дополнителна антена.
Модели за резиденцијални отклопни капии со широчина на крило до 2 х 2,20м, 2 х 3,00м и модел за индустриска отклопна капија до 2 х 5,0м, со вграден редуктор, деблокатор за отворање кога нема мрежен напон, заштита од прегревање и друго.