Висококвалитетни мотори дизајнирани да траат долго време. Целосно произведени и составени во Италија. Сертифицирани по соодветни европски стандарди. Активирање со далечински управувач, мобилен телефон, систем со картички и/или шифрарник, тастер итн. Можност за меко тргнување и застанување. Можност за парцијално отварање за пешаци, велосипед, мотоцикл и сл. Монтажа исклучиво со челична поцинкувана назабена летва. Може да се додадат сигурносни фотоќелии, трепкач, дополнителна антена.
Модели за резиденцијални објекти за стандардно или интензивно користење со тежина на капија од 400 до 800 Кг и модели за индустриски лизгачки капии од 800 Кг, 1200 Кг, 1500 Кг и 1800 Кг со вграден редуктор, деблокатор за отворање кога нема мрежен напон, заштита од прегревање, крајни прекинувачи и енкодери и друго.